Земјотрес во 11 часот и 52 минути го погоди подрачјето на централна Хрватска. Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 14 километри од Сисак и 46 километри од Загреб. Магнитудата на земјотресот била 3,4 степени според Рихтеровата скала.
Граѓаните кои живеат во погодената област ги споделија своите реакции на веб-страницата на ЕМСЦ, пренесува Index.hr.
„Тежок удар. Целата куќа се тресеше, кровот трепереше, громогласен звук. Ужас!“, напиша жител на Мала Горица.
„Ова беше удар, но многу силен“, сподели жител на Петриња.
„Петриња, силен звук, удар и продолжено тресење, преплашени се домашните миленици“, се наведува.
„11:52 часот Петриња… Удар, жесток и силен… Се тресеше куќата… Уште колку??“, напиша жител на Петриња.
„Зградата добро се тресеше“, се вели во коментарите.
Петрињани дополнително ги вознемирува секој нов земјотрес, поради страшниот земјотрес што го претрпеа во 2020 година.