Штрајк на косовските рудари во јужниот дел на „Трепча“

Од:

Незадоволни од одлуката на косовската Влада да се откаже од намерата „Трепча“ да стане јавно претпријатие, околу 300 рудари во јужниот дел од комбинатот стапија во штрајк.

Рударите кои штрајкуваат ги посетија градоначалникот на општината јужен дел од Митровица, Агим Бахтири, директорот на „Трепча“ Ахмет Тмава и пратеник од Алијансата за иднина на Косово. Рударите наведуваат дека ќе продолжат со штрајкот се додека не ги посети некој од Владата.

Според косовски медиуми, попладнево имало средба меѓу премиерот на Владата, Иса Мустафа и градоначалникот Бахтири.

Истовремено, во северниот дел од комплексот работат околу 3.300 лица, претежно српски рудари и работници и тие ја поздравија одлуката уверени дека Владата на Србија и раководството на „Трепча“ ќе направат се што е во нивна моќ да го зачуваат претпријатието во кое работат, јави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Инцидент во „Трепча“: Истече киселина, повредени 13 рудари

Горан Наумовски

Косово: Усвоен закон за јавни претпријатија, со исклучок на „Трепча“

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Хаос во Приштина, десетици повредени

Емир Латифовиќ

Рударите од Трепча времено го прекинаа штрајкот на еден месец

Емир Латифовиќ