Што се ја чека БиХ доколку ја исфрлат од Европскиот Совет?

Од:

Доколку БиХ биде исфрлена од Европскиот Совет последиците ќе бидат многу големи, како на политичко ниво, така и во областа на економијата и европските интеграции.

Државата ќе се соочи со повлекување на пари од европските фондови, со што сериозно ќе се загрозат реформските процеси и економскиот развој, оценуваат политичките аналитичари.

Поради неспроведување на одлуката за предетот „Сејдиќ-Финци“, Советот ја подготви резолуцијата во која што е наведено дека БиХ може да биде суспендирана од оваа европска институција, доколку нема суштински напредок во спроведување на одлуката пред изборите во октомври, 2014 година.

Резолуцијата ќе се најде на дневен ред на Советот наредниот месеци и се очекува собранието дека ќе ја усвои.

-Спроведувањето на одлуката „Сејдиќ-Финци“ е првиот чекор кон сеопфатните промени на Уставот. Таа е потреба за да БиХ се ослободи од институционалната кошула наметната од Дејтонскиот договор и да се упати кон модерна и функционална демократија-се наведува во нацрт резолуцијата.

Политичкиот аналитичар, Тања Топиќ вели дека домашните политичари со години го игнорирале предупредувањето на европските институции, поради неспроведување на одлуките за „Сејдиќ-Финци“, па затоа евентуална суспензија на членството на БиХ во Советот на Европа ќе биде многу штетна.

-По бројните предупредувања на политичарите во БиХ е направена оваа резолуција како последна мерка, што е очекуван чекор. Домашните политичари очигледно сметаа дека исклучувањето не е можно, но сега гледаме дека тоа е реална можност-тврди таа.

Според нејзините зборови, исклучувањето на БиХ од Советот ќе го следат голем број различни мерки и санкции.

-Ќе биде навистина трагично доколку БиХ стане единствена држава која што е исфрлена од Советот на Европа. Тоа особено ќе се одрзи на процесот за европски интеграции, но и врз економијата, правата и социјалната политика-додаде Топиќ.

ОД 2009 година кога судот во Стразгур донесе одлука за предметот „Сејдиќ-Финци“, со кој државата се обвинува за дискриминација на националните малцинства, бидејќи Уставот не дозволува кандидатурара на членовите за претставништвото на БиХ и делегатите во Народниот дом, политичарите во БиХ не можат да постигнат договор за измените на Уставот.

dodik-milorad

Додик: Српска не е одговорна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека Српска не е одговорна за неспроведување на одлуката „Сејдиќ-Финци“.

-Република Српска е определна да го реши проблемот и даде конструктивен предлог. Ние тоа можеме да го завршиме, но нема договор во ФБиХ-истакна тој.

Одговарајќи на прашањето дали поради ова може да се доведе во прашање одржувањето на изборите во 2014 година, Додик истакна дека тоа ќе се одлучува во мај наредната година.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници