Шекеринска: Русија врши хибридно влијание врз БиХ и Балканот

Од:

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска рече дека Алијансата внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и пошироко на Западен Балкан.

Таа оцени дека активностите кои се забележуваат претставуваат типичен дел од рускиот хибриден арсенал, насочен кон создавање поделби и поттикнување сецесионистичка реторика.

Шекеринска нагласи дека руските хибридни обиди не се ограничени само на регионот, туку се присутни и кај други сојузници и партнери на НАТО. Според неа, Западен Балкан останува стратешки важен за Алијансата, која во регионот има повеќе членки, како и партнери меѓу кои и БиХ.

Говорејќи за состојбата во одбранбениот сектор на БиХ, таа посочи дека НАТО обезбедува поддршка во низа практични области, но дека стабилното финансирање на Оружените сили на БиХ е клучно за нивна модернизација.

Потсети и на програмата DCB, преку која БиХ доби опрема и специјализирани возила со поддршка од Словенија, но предупреди дека таквата помош мора да биде проследена со долгорочни национални вложувања.

Во пораката до политичките лидери во БиХ, Шекеринска истакна дека политичките компромиси често се ризични, но на долг рок носат поголема сигурност и стабилност.

Би можело да ве интересира

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО