Семејството на Рајко Дујмиќ одлучи да се даруваат неговите органи

Од:

Хрватскиот композитор Ненад Нинчевиќ, еден од најблиските пријатели на починатиот музичар Рајко Дујмиќ, за медиумите изјави дека семејството Дујмиќ одлучило да ги дарува неговите органи.

Тешко ми беше сите овие денови. Рајко имаше добро срце и мека душа… Бевме пријатели 35 години и никогаш не сме се скарале. Тој беше апсолутен позитивец, но повремено се самоуништуваше и тоа беше негова единствена мана, изјави Нинчевиќ.

Рајко Дујмиќ, долгогодишниот фронтмен на екс-ју групата „Нови фосили“, почина вчера како последица од сообраќајната несреќа во областа Равна Гора во централна Србија.

Нинковиќ беше со семејството на Дујмиќ по сообраќајната несреќа, и тој ќе им помогне при погребот, кој треба да се одржи следната недела во Загреб.

Би можело да ве интересира

Државен стан за семејството на Верица Белчовска, девојката чии органи спасија три животи

Жарко Настоски

Белчовски: Ги дониравме органите за да спасиме животи, а така ќе живее и нашата сестра

Предраг Петровиќ

Прекинат спорот за името „Нови фосили“

Ана Ололовска

„Коха диторе“: Нема докази за трговијата со органи

Емир Латифовиќ

Трговијата со органи пред судот на Обединетите нации

Емир Латифовиќ

Косово ја снабдува Германија со органи?

Емир Латифовиќ