Село во Босна доби најголемо знаме во државата, но нема ни вода ни асфалтиран пат

Од:

Жителите во Бан Брдо во Хаџиќи, Босна и Херцеговина може да се пофалат дека имаат најголемо знаме на Босна и Херцеговина во земјата, но исто така местото веќе шест дена е без вода, а никогаш не добиле ни асфалтен пат, пишува сараевскиот портал Klix.ba.

– Ова е катастрофа. Со години чекаме некој да направи нешто по ова прашање. Нон-стоп слушаме некои оправдувања од луѓето кои треба да се грижат за овој проблем – изјавила една жителка на Бан Брдо за “Klix.ba”, село каде што неодамна е подигнато знаме со димензии 12×6 метри, со помош на збратимената Општина од Турција.

– Убаво е да се има во своето место најголемо знаме во БиХ. Но, уште поубаво е секој ден да имаш вода во чешмите. Многумина дојдоа и се сликаа пред неколку дена, а потоа си отидоа и прашање е кога повторно ќе дојдат – вели таа.

Освен тоа, во селото нема никаков јавен превоз.

– Сите тука доаѓаат кога треба да одржат некои говори, да лажат и да се сликаат за весниците. Кога треба во медиумите, тогаш припаѓаме на сите и сè е во ред, но кога ни треба нешто, тогаш не припаѓаме никому. Срам нека им биде – рече жител на Бан Брдо.

Општината Хаџиќи одби да одговори на нивните долгогодишни барања.

Како што одговорија претставници на општината за:”Klix”, проблемот настанал меѓу жителите на Бан Брдо кои не ги плаќаат сметките за водоводната пумпа во нивната населба.

– Тие меѓу себе го решија управувањето со водата и овој проблем мора самите да го решат. Ако некој нема вода, ние сме подготвени да испратиме цистерна и тоа е се во нашата моќ – рекоа претставници на општината.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина