Секој четврти функционер во Црна Гора дал неточни податоци за имотната состојба

Од:

Речиси 400 црногорски функционери не дале точни податоци за имотната состојба, наведува Комисијата за спречување судир на интереси во Црна Гора.

Во првите шест месеци Комисијата обработила и проверила имотна состојба на 1.557 јавни функционери од кои 872 републички и 685 локални. Наведено е дека 394 не дале точни подаотци од кои 195 државни и 199 локални што означува – 25,3 отсто неточни извештаи за приходите и имотот.

Од државните функционери, 108 се на функции на кои ги бирала Владата на Црна Гора и меѓу нив има помошници министри, членови на борд-директори и други. Неточни податоци дале и 38 судии, 17 обвинители, 13 пратеници, осум судии за прекршоци, седум функционери што ги назначуива претседателот на Црна Гора.

Комисијата според локални медиуми, покренала прекршочни постапки во сите случаи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски