Се урна хеликоптер во близина на грчкиот остров Самос

Од:

Хеликоптер со четиричлен екипаж, кој учествувал во гаснење на пожарот на грчкиот остров Самос, попладнево се урна во море, а спасено е едно лице.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека станува збор за хеликоптер од типот ER-MHY (Mi-8 MTV-1) кои тие го изнајмиле да помага во пожарот, а од членовите на екипажот тројца се странски државјани и еден Грк.

Тие додаваат дека во спасувачката акција, што е во тек, спасен е еден член на екипажот.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека е спасено уште едно лица, односно вкупно двајца од четворицата членови на екипажот.

Според грчката телевизија ЕРТ, хеликоптерот паднал од мала височина, односно кусо откако наполнил вода од морето и во моментите кога почнал да се оддалечува од површината.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија: На местото на падот на хеликоптерот Ми-8 на Камчатка се пронајдени 17 тела

Горан Наумовски

Пронајдени се остатоците од исчезнатиот хеликоптер Ми-8 на Камчатка

Горан Наумовски

Хеликоптер со 22 лица исчезна во Камчатка

Се урна руски воен хеликоптер, нема преживеани

Заробените од огнот на планината Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Осумгодишно девојче со хеликоптер пренесено од Скопје во Истанбул за операција