Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2) продолжува денеска, а по куќата на осомничениот Дејан Д. во село Злот, потрагата е фокусирана на Лазарева пештера и Злотска река, кои се нешто повеќе од три километри од селото.
Според репортерот на српски „Телеграф“, пред пештерата има полицајци и пожарникарски спасувачи.
Да потсетиме, полицијата вчера изврши интензивен претрес на теренот на куќата на осомничениот Дејан Д., кој и самиот вчера бил на местото на настанот.
Полициски служжбеници во текот на целиот ден собираа докази кои подоцна ги доставила до полицијата во Бор.
Телото на девојчето Данка Илиќ (2) се уште не е пронајдено. Осомничените за нејзиното убиство се лишени од слобода и им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.