СДП: Како Новалиќ ќе раководи со Владата во БиХ и ќе ги почитува мерките за сведоците

Од:

Пратеничкиот клуб на СДП на Босна и Херцеговина бара итна вонредна седница на Домот на народите во Парламентот на БиХ, по одлуката на Судот на БиХ за укинување на притворот на премиерот Фадил Новалиќ.

Новалиќ е осомничен дека е вмешан во аферата „респиратори“, а одлуката за прекинување на притворот му забранува да се состане и да контактира со сведоците во случајот.

Сепак, СДП го поставува прашањето „како Новалиќ ќе ја води Владата со експлицитни забрани кога сведоци во случајот се вицепремиерката и министерка за финансии, Јелка Миличевиќ, директорот на Институтот за јавно здравје на БиХ, Давор Пехар, поранешниот началник на кабинетот на Фадил Новалиќ, Хасан Ганибеговиќ, секретарката на Владата, Едита Калајџиќ, како и вработени во ФУЦЗ“, пренесуваат локалните медиуми.

Од партијата сметаат дека сето тоа укажува на комплексноста на моментот во кој речиси е невозможно да се предвиди како ќе функционира Владата, а мерките за забрана за средби и комуникации со сведоците да се почитуваат.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски