СБ одобри 100 милиони долари кредит за БиХ

Од:

Светската банка одобри кредит за Босна и Херцеговина што ќе биде искористен за обнова на државата по катастрофалните поплави во мај.

СБ потврди испалта на 100 милиони долари за проектот итна обнова на земјата од поплавите.

– Цел на проектот е покривање на итни потреби и обнова на функционалност на инфраструктурата, како и економско заздравување во погодените подрачја, се истакнува во соопштението од СБ.

Покрај тој проект, СБ е активна и на неколку други полиња со цел давање на сеопфатен пакет поддршка за БиХ во обновата на земјата.

Потпретседателката на СБ за Европа и Централна Азија, Лора Так прецизираше дека во проектот е вклучено и финансирање на увоз на гориво и електрична енегија, како и обнова на локалната инфраструктура.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници