Саудијците за една вечер собраа 32,5 милиони долари донации за сирискиот народ

Од:

На хуманитарен собир во Саудиска Арабија синоќа се прибрани речиси 32,5 милиони долари донации наменети за „сирискиот народ“, соопшти денеска саудиската Агенција за информации.

Собирот означи старт на донаторската кампања со која се предвидува собирање сретства за потребите на Сиријците. Кампањата е дел од маѓународните напори за помош на цивилите во Сирија по 16-месечните немири во земјата.

Стартот на кампањата за прибирање донации за Сиријците лично го означи саудсикиот крал Абдула, кој самиот донираше 20 милиони ријали (5,3 милиони долари). Веднаш по него, донација од 10 милиони ријали (2,6 милиони долари) даде и неговиот престолонаследник, принцот Салман ибн Абдул Азиз ал Сауд.

Предвиедено е кампањата да трае пет дена, а покрај донации во пари се прибираат и подароци во натура – храна, лекови и санитетски материјали, шатори и облека .

Саудиска Арабија е еден од најжестоките критичари на сирискиот претседател Башар ал Асад во арапскиот свет поради репресиите врз противниците на режимот.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад