Сараевчанец му подарил стан на бездомник

Од:

Денес има малку примери на позитивни приказни кои ја враќат вербата во луѓето и хуманоста. Една таква хумана приказна доаѓа од Сараево.

Имено, сараевчанецот Е.Е., кој сака да остане анонимен, вдомил еден сараевски бездомник, подарувајќи му гарсоњера, целосно опремена со мебел и сите неопходни апарати за домаќинство, објави порталот Килкс.ба.

– Секој ден му носи јадење, овошје и цигари. Бездомникот се вика Богдан и со години питачи низ Башчаршија, изјави за порталот една негова читателка, која и ја пренела приказната.

Таа вели дека Богдан со години спиел по клупи и лето и зиме, а минувачите низ Башчаршија „ќе му фрлеле по марка или две“.

– Сега (Богдан) не може да престане да се воодушевува на својот стан, раскажува читателката за Кликс.ба.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници