Самарас се сретна со претставниците на „тројката“

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска се сретна со претставниците на ЕК, ММФ и ЕЦБ кои го информирале за разговорите што досега ги водеа со претставници на неколку министерства.

На состанокот, кој траеше час и половина, не се дискутирало за конкретни мерки за штедење, со оглед на тоа што Грција во следните две години треба да намали 11,5 милијарди во расходите.

Претходно беше најавено дека мерките во детали ќе и бидат презентирани на „тројката“ откако ќе ги одобрат коалициските партнери во Владата кои вчера имаа долг состанок. Но, по средбата, лидерот на Демократската левица Фотис Кувелис дече дека се уште не завршиле и оти разговорите за предложените мерки за штедење ќе продолжат.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он