Сакеларопулу со поддршка до Вартоломеј за Света Софија

Од:

Одлуката на Турција, Света Софија од споменик да стане џамија била тема на одделните телефонски разговори на грчката претседателска Катерина Сакеларопулу со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, јави дописничката на МИА од Атина.

Сакеларопулу, на Вартоломеј му изразила поддршка и солидарност во име на грчкиот народ.

-Исто така, ја истакна и волјата, на секој начин да придонесе во подигањето на свеста и мобилизирањето на меѓународната заедница за Света Софија да остане екуменски споменик на културата и религиозниот дијалог, соопштија од кабинетот на Сакеларопулу.

Грчкиот премиер, од своја страна со претседателот на Европскиот совет разговарал за прашањата што ќе бидат на агендата на самитот на ЕУ во петок, како и за „провокативните активности на Турција да ја претвори Света Софија во џамија“.

Би можело да ве интересира

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски