САД одделуваат средства за справување со руското влијание во Македониja, БиХ и Црна Гора

Од:

Како дел од најновиот пакет на американската воена помош за Украина, планирани се дополнителни пари за „земјите партнери“ во Источна Европа и на Балканот, вклучувајќи ги Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, кои ќе бидат искористени за борба против руското влијание, јави дописникот на МИА од Белград.

Во одговорот на Стејт департментот на барање на „Гласот на Америка“ објаснета е структурата на пакетот помош од 713 милиони американски долари.

Според информациите од Стејт департментот, парите од најновиот американски воен пакет помош за Украина ќе бидат поделени меѓу „Украина и 15 други сојузнички и партнерски нации“ во Источна Европа и на Балканот.

– Помошта е наменета за сојузниците на НАТО да ги пополнат капацитетите, што и ги донираа на Украина од сопствени залихи со цел да се одржи и зајакне одвраќањето на НАТО. Повеќе од 322 милиони долари од овие средства се пријавени за Украина и дополнително ќе ја подобрат нејзината способност да се одбрани од тековната руска војна, соопшти Стејт департментот во одговорот на „Гласот на Америка“.

Инвестицијата од 322 милиони американски долари во Украина ќе обезбедува поддршка за широк опсег на капацитети, вклучително и системи за оружје кои не се по стандардите на НАТО, помош на украинските Вооружени сили да се префрлат на НАТО системи за оружје со голем дострел и поддршка капацитетите за воздушна одбрана.

Грузија, исто така, ќе добие 35 милиони американски долари средства за комплети за борбена опрема на бригада со напреден теренски артилериски тактички систем за податоци о капацитети за мобилност и сајбер одбрана.

Преостанатиот пакет од 713 милиони американски долари ќе обезбеди одбранбени сррдства, обука и услуги за европскиот регион – Албанија, Бугарија, Хрватска, Естонија, Латвија, Литванија, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија и Словенија, потоа поддршка на Иницијативата за развој на напредно таргетирање за Бугарија, Чешка, Естонија, Литванија, Латвија и Словачка и обезбедување дополнителна поддршка за Босна и Херцеговина во рамките на Фондот за сузбивање на руското влијание, се наведува во одговорот на Стејт департментот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стејт департментот е запознаен со инцидентот на Скопскиот аеродром

Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Стејт департментот издаде итно соопштение: „Бидете внимателни низ светот“

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна