Русите и Србите најбројни туристи во Црна Гора

Од:

Во првите седум месеци од годината Црна Гора ја посетиле 658.486 туристи, што е за 1,2 отсто повеќе во однос на истиот период лани, а најмногу гости имало од Русија и Србија.

Како што соопштува црногорскиот Завод за статистика (Монстат), од вкупниот број ноќевања 87 отсто оствариле странските, а 13 отсто домашни туристи.

Според податоците од Монстат, во првите седум месеци најмногу ноќевања оствариле туристите од Русија, Србија, Босна и Херцеговина и Украина.

Најмногу ноќевања сосема очекувано се остварени во приморските места, дури 96 отсто.

Црногорскиот министер за туризам и планирање на просторот, Бранимир Гвозденовиќ, претходно изрази очекување дека државата во текот на летната туристичка сезона ќе ја посетат поголем број туристи отколку минатата година.

Црна Гора лани ја посетиле 1,44 милион туристи, а оваа држава од туризам оствари приход поголем од 700 милиони евра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски