Рударите од Трепча времено го прекинаа штрајкот на еден месец

Од:

Косовските рудари од јужниот дел на комбинатот Трепча, по тридневен штрајк, денеска одлучија времено да го прекинат протестот на еден месец, со цел да им дадаток на косовските институции да најдат решение за рудникот.

– Штрајкот на рударите од Трепча е официјално суспендиран на еден месец и рударите излегуваат од јамите, изјави портпаролот на комбинатот Муса Мустафа.

Тој посебно потенцира дека штрајкот не е прекинат, туку е суспендиран.

Штрајкот започна во вторникот по откажувањето на косовската Влада од намерата Трепча да добие статус на јавно претпријатие. Рударите му дадоа рок од 24 часа на косовскиот Парламент, комбинатот да стане јавно претпријатие.

Би можело да ве интересира

Инцидент во „Трепча“: Истече киселина, повредени 13 рудари

Горан Наумовски

Косово: Усвоен закон за јавни претпријатија, со исклучок на „Трепча“

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Хаос во Приштина, десетици повредени

Емир Латифовиќ

Штрајк на косовските рудари во јужниот дел на „Трепча“

Емир Латифовиќ