Тројца загинати и 9 повредени е билансот од трагичната несреќа која се случи во соседна Бугарија кај Велико Трново.
Автобусот со романски таблички удрил во паркиран автомобил по што излетал од патот и удрил во дрво.
Тој се враќал од Истанбул и одел кон Букурешт.
Во автобусот патувале вкупно 25 луѓе. Двајцата возачи се приведени и им се направени алко-тестови.