Мајката и таткото на Данка Илиќ, Ивана и Милош, првпат проговорија заедно после 26 март, денот кога ја загубија ќерката. За српска „Републиката“ прв проговори таткото на Данка, а потоа се приклучи и мајката која рече дека не сака никој да изразува сочувство „бидејќи длабоко во себе верува дека нивното дете е живо“.
„Поради се што се зборуваше за нас и дека сме клеветени на најлош можен начин, ние двајцата како родители кажавме дека јавно ќе зборуваме кога ќе се расчисти случајот, односно кога ќе ја дознаеме целата вистина за исчезнувањето на нашата ќерка Данка“, изјави Милош Илиќ.
“Што мислиш, како сме?! Како ни се душата и срцето?! Како сме без дете? Како се чувствуваме кога синот ќе не праша каде му е сестрата, кога ќе каже – Мамо, каде е Данка?”, вели мајката на Данка.
Милош потоа продолжи: “Освен што многу луѓе ја бараа. Ивана е добра мајка, а јас сум добар татко, но… вистината се уште не е дојдена. Монструмите се уапсени, но…”.
Ивана и Милош велат дека не прифаќаат изрази на сочувство од околината, иако се облечени во црно од денот кога полицијата објави дека Данка била удирана од двајца вработени во ЈКП „Водовод Бор“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ кои во службено возило ја ставиле и го сокриле нејзиното тело.
„Не прифаќаме кога ќе изразат сочувство, ги замолуваме да не го прават тоа, бидејќи се уште не сме ја виделе нашата ќерка. Останува уште една трошка надеж дека ќе се врати жива. Сакам да истакнам дека тие свеќи не ги запаливме поради најлошото, туку за да и го осветлиме патот за враќање“, вели таткото на Данка.
“Тој ден ги зедов Данка и син ми со намера да играм на местото каде што пораснав и за кое имам најубави спомени. Таму имав прекрасно детство. Страшно е некој да се посомнева само затоа што си ги земав децата на место толку важно за мене“, изјави Ивана.