Милан Матаруга, ректорот на Универзитетот во Бања Лука денес поднесе оставка, а за утре најави прес-конференција каде што ќе ја објасни оваа негова одлука.
Универзитетот во Бања Лука вчера со свечена академија одбележуваше 42 години постоење, а за време на церемонијата група студенти го окупираше ректоратот и постави низа барања.
Ректорот во попладневните часови разговараше со незадоволните студентите.