Регистрирани над 100 последовни потреси по силниот земјотрес на грчкиот остров Евија

Од:

По силниот земјотрес од 4,9 степени на Евија во средата, заклучно со синоќа на грчкиот остров биле регистрирани над 100 последователни потреси, согласно извештајот на специјалната научна комисија за проценка на сеизмичка опасност и намалување на сеизмичкиот ризик, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежната комисија вчера одржа втор состанок свикан по барање на министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилианидис, за да се разгледаат новите податоци за сеизмичката активност на грчкиот остров.

Согласно заклучоците на Комисијата, по завчерашниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер, сеизмичката активност во централна Евија „опфаќа и повеќе од 100 земјотреси со максимална јачина од 3,5 степени“ и не ја исклучуваат можноста за силен последователен земјотрес.

Земјотресот беше регистриран во средата, кусо пред 14.30 часот по локално време, во централниот дел на Евија, а освен на островот, беше почувствуван и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он