Реакции на грчките партии за оставката на Коѕијас

Од:

Ципрас го одбра Каменос, е коментарот на грчките опозициски партии по оставката на Никос Коѕијас.

Претседателот на Нова демократија, вели дека грчкиот премиер одбрал да го отстрани најсилниот поддржувач на Договорот од Преспа, а да го задржи оној кој што се противи.

Лидерот на партијата Река, коментира дека оставка дал оној кој ја изразува владината линија, додека пак претседателката на Движење на промена вели дека Ципрас и Каменос рака под рака се движат кон амбис.

– Го отстрани човекот кој беше најголемиот поддржувач на договорот и во исто време во владата го задржа господинот Каменос, кој смело има изјавено дека овој договор не го сака, не го поддржува и нема шанси во никој случај да се согласи да гласа за него, рече Мицотакис од Брисел и додаде дека „Ципрас не е само слаб, туку и уценет премиер“.

Воедно, претседателот на Нова демократија порача дека на земјата и е потребна „стабилна и одлучна влада која ќе говори во еден глас и во внатрешноста и во надворешноста“.

– Меѓу Коѕијас–Каменос, господинот Ципрас го одбра Каменос. Заложник на министерот за одбрана кој беше именуван во многу силен потпретседател на владата. Предупредувањата дека нема да толерира двојни гласови, личат комплетно смешни кога самиот изразувач на двојни гласови останува на неговата позиција и дава оставка изразувачот на владината линија, напиша лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис на неговиот официјален Твитер профил.

– Оставката на Коѕијас ја потврдува кризата што ја поткопува владината коалиција. Ципрас го направи неговиот избор. Рака под рака со господинот Каменос одат кон амбис. Но, нема да ја земат и земјата со нив, рече лидерката на Движење на промена, Фофи Генимата.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот