Полицијата на Босна и Херцеговина во неделата спроведе голема акција во која се уапсени припадници на организирана криминална група која се занимавала со кражби и препродажба на автомобили, пренесе Макфакс.
Портпаролот на полицијата на Сараевската жупанија, Ирфан Нефиќ, потврдил дека акцијата започнала во раните утрински часови, како и дека биле пребарани повеќе различни локации, и тоа на поширокото подрачје на Сараево, каки во грдовите Мостар, Груда и Зворник.
Портпаролот Нефиќ, исто така, додал дека се уапсени повеќе лица, но не го прецизирал нивниот број.
Покрај сараевската во акцијата е вклучена и полицијата на Република Српска, како и припадници на Државната агенција за истраги и заштита ( SIPA).
Полициската операција со кодното име „Требевиќ”, како што објаснил Нефиќ, била планирана со месеци наназад и е изведена по налог на Обвинителството на Федерацијата Бодна и Херцеговина.
Со истрагата било утврдено дека лицата кои се уапсени во неделата, организирале криминален синџир кој се занимавал со организирани кражби на автомобили за кои потоа барале откуп од нивните сопственици или со фалсификувана документација ги препродавале во странство најчесто во земјите од регионот.