Расумсен: Црна Гора е важен сојузник на НАТО

Од:

Црна Гора е важен сојузник на Северноамериканската алијанска и важен кандидат за членство во НАТО. Евроатлантскатаинтеграција е визија која што ја делиме сите, изјави генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расумсен.

Во декември 2006 година Црна Гора се приклучи во Партнерството за мир, а истиот месец во 2009 година беше повикана во Акцискиот план за членство.

Реформите во Црна Гора, Расмусен ги оцени како амбициозни, а додаде дека Алијансата ја поттикнува државата да продолжи со својата работа, особено во спроведување на владејачките права и борбата против корупција и организираниот криминал.

Тој додаде дека од пресудно значење ќе се и понатамошните реформи во одбрамбениот сектор. Како што нагласи на Црна Гора и претстои уште работа, но се движи во вистинскиот правец.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски