Осум од 17 министри во владата на Босна и Херцеговина од редовите на СДП си поднесоа оставка поради тоа што на седницата што заврши доцна синоќа беа сменети шест директори на јавни претпријатија со што ја ставија владината коалиција во неповолна положба.
Кон нив се приклучи и заменик премиерот, Десница Радивојевиќ од СДА кој вчера ја промени партијата во СДП и изјави дека ќе настојува својата стара партија да ја исфри од власта.
Владата продолжи да работи по паузата што се случи, но претседателот на Федерацијата на Босна и Херцеговина Живко Будимир го разреши Радивојевиќ од функцијата.
Десница пак тврди дека тој не поднесе оставка и дека нема причина за отпуштање од работа.
Владата нареди чистка на поголем дел од директорските места во јавните претпријатија, меѓу кои и компаниите за снабдување со електрична енергија, телекомот и поштата, со седишта во Сараево и Мостар.
Златко Лагумџија рече дека тоа што го направи СДА заедно со чинот на разрешување од на вицепремиерот Радивојевиќ е „политичкото насилство и уништување на уставниот поредок на Федерацијата.”
СДП го раскина коалицискиот договор со СДА и и објави војна до исклучување од власта затоа што членовите на СДА гласаа против буџетот на БиХ за државните институции за 2012 година.