Радев: Не може да се прават компромиси со историјата и јазикот

Од:

Треба да се најде политичко решение, но не може да се прават компромиси со историјата и јазикот или со барања за национални малцинства, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во врска со недоразбирањата меѓу Софија и Скопје и очекувањата од средбата на заедничката комисија за историските прашања.

– Членовите на Бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик, рече Радев.

Тоа, според него, првенствено е одговорност на земјата – кандидат за членство во ЕУ, пренесува БГНЕС.

– Секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се прават со историја, идентитет и јазик, или со барање за националните малцинства, нагласи Радев.

Би можело да ве интересира

Уставните измени сe прв, но не и единствен услов за преговори на Македонија со ЕУ, порача бугарскиот министер за надворешни

Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје, реакции на премиерот и МНР

Катерина Ѓуровски

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот