Пусиќ ќе се кандидра за генерален секретар на ОН

Од:

Шефицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ во интервју за британскиот весник „Индепендент“ потврди дека ќе се кандидра за генерален секретар на Обединети нации.

– Ќе се кандидирам за тоа место. Тоа би била фантастична работа, златна можност. Ќе ми биде голема чест што ќе учествувам во процесот, посочи Пусиќ.

Таа наведе дека повоеното искуство во политиката ќе и биде од голема корист и важна подготовка за ОН.

– Можеби е премногу да се очекува генералниот секретар да може да ги менува државите, но уверена сум дека разбира како функционираат работите, пред или по судирите и тоа може да биде од корист, посебно во разговорите со луѓето во тие земји, кои се погодени од судири, наведе Пусиќ.

„Индепендент“ пишува дека Пусиќ има добри шанси да биде избрана поради праксата за регионална ротација при избор на генерален секретар односно кандидатот да биде од Источна Европа, а постои и се поголема поддршка на тоа место да биде избрана жена.

Противниците од Хрватска ја обвинуваат Пусиќ дека кокетира со меѓународната заедница во момент кога треба да се фокусира на хрватската дипломатија, бидејќи Загреб и понатаму има сложени односи со соседните држави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Хрватска повторно го избра Милановиќ

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Грција