Првата жена во светот со вештачка матка го загуби плодот во осмата недела од бременоста

Од:

Турчинката Дерја Серт, која во август 2011 година стана првата жена во светот со вештачка матка, по што беше оплодена со методот „ин витро“, го загуби плодот во осмата недела од бременоста.

Во соопштението на болницата „Акдениз“, каде се следела состојбата на Серт, се наведува дека нејзината бременост морала да биде прекината откако е утврдено дека плодот нема срцева реакција. Пациентката е пуштена на домашна нега, а нејзината здравствена состојба е добра.

Во март лекарите успешно имплантираа во трансплантираната матка на 22-годишната Серт неколку ембриони, добиени преку вештачко оплодување „ин витро“ на јајце-клетки на жената со сперматозоиди од нејзиниот сопруг.

Успешното раѓање на бебето на младата Турчинка ќе им влееше надеж на жените кои се родени без матка или им е отстранета како резултат на болест. Според статистиките една на 5.000 жени во светот се раѓа без матка.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ