Против Живко Будимир покренато обвинение за недозволено поседување оружје

Од:

Кантоналниот јавен обвинител на Сараево покрена обвинение против претседателот на Федерацијата Босна и Херецеговина, Живко Будимир поради кривично дело недозволено поседување на оружје или експлозивни средства.

Припадниците на Државната агенција за истрага и заштита на БиХ (СИПА) на 26 април за време на претресот во канцеларијата на Будимир во зградата на Претседателството на Федерацијата БиХ, пронашле пиштол „Чешка збројовка“ со седум куршуми, од кои еден бил во цевката, потсетува весникот „Дневни аваз“.

Будимир, наводно, им кажал на истражните органи дека пиштолот го добил за подарок во 1996 година, но 17 години не побарал дозвола за набавка, поседување и носење оружје. Тој има уште два пиштола, кои се регистрирани во 1998 година и за кои има дозвола, но не ја пријавил и „Збројовката“.

Доколку Будимир биде проглаен за виновен поради недезволено поседување на оружје, му се заканува казна и до две години затвор.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он