Протетсите во Истанбул предизвикале штети од околу 40 милиони евра

Од:

Протестите за истанбулскиот парк Гези направија штета од над 100 милиони турски лири (околу 40 милиони евра), изјави градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш.


Во сумата се вклучени и финансиските загуби на трговците.


– Поголемиот број луѓе мислеа дека имаме за цел да изградиме нов трговски центар. Таков план нема. Целата работа беше за регулирање на сообраќајот, истакна Топбаш, додавајќи дека во проектот за паркот Гези било вклучено и изградба на градски музеј и уметничка галерија.


Претседателот на Истанбулската асоцијација на коморите на трговците и занаетчиите Фаик Јилмаз истакна дека трговците и занаетчиите претрпеле најголеми штети. Тој посочи дека во реонот на плоштадот Таксим, каде се наоѓа паркот Гези има 5.000 трговци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски