Турскиот министер за евроинтеграции Егемен Багаш изјави денеска дека протестите во истанбулскиот парк Гези биле планирани пред шест месеци.
– Всушност протестите се обид да се изврши смена на режимот во Турција. Тие беа планирани пред шест месеци, истакна Багаш за една турска приватна телевизија.
Убеден дека зад протестите се крие „игра“ против турската држава, тој нагласи дека „тие се случуваат во најуспешниот период на Турција“.
Истовремено, министерот Багаш изрази надеж дека бројот на учесниците на денешниот митинг на владејачката Партија на правдата и развојот, кој ќе се одржи на истанбулскиот плоштад Казличешме, ќе достигне еден милион лица.