Протести поради апсењето на лидерот на Златна зора во Грција

Од:

Неколку стотици поддржувачи на грчката крајнодесничарска партија Златна зора се собраа денеска пред полициската станица, откако полицијата го уапси лидерот на партијата и над десетина високи партиски членови и пратеници.

Партијата на својата веб страница повика на протест во знак солидарност со нејзиниот лидер Николаос Михалолиакос.

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја отфрли можноста за предвремени избори по апсењето на лидерот на Златна зора.

Според обвинителството уапсените може да се соочат со обвиненија за убиство, напад, бомбашки напади, изнуди и перење на пари, пренесува ДПА.

Полицијата запленила две оружја и ловџиска пушка од домот на Михалолиакос, за кои тој немал дозвола.

Лидерот на Златна зора, нејзиниот портпарол, двајца пратеници други членови на партијата беа уапсени денеска под обвинение за создавање криминална организација.

Расиситички мотивираното насилство бележи подем во Грција во изминатите години и властите ја обвинуваат Златна зора за голем дел од овие напади.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина