Протест на студентите во Мостар

Од:

Студенти и вработени од универзитетот „Џемал Биједиќ“ во Мостар денеска одржаа мирен протест на кој е побарано подобрување на студентскиот стандард и намалување на платите на државните функционери, пренесе Танјуг.


Околу 400 учесници на протестот, што го организираше Унијата на студенти, на пладне, во 12.05 часот, се собраа пред зградата на Владата на Херцеговачко-неретванската жупанија, а претседателот на Унијата на студенти Харис Шабановиќ изјави дека студентите од Владата бараат исплата на сите заостанати долгувања кон Универзитетот и преземање на основачките права над Универзитетот.


Побарано е и намалување на платите на претседателот на Владата, на министрите и пратениците за барем десет отсто, како и на сите вработени во Владата за пет отсто, пренесоа босанските медиуми.


-Универзитетот главно се финансира од школарината на  студентите, а таа школарина е многу скапа, како да се школувате на приватните факултети, што е недозволиво. Сите во Владата се доволно добро платени и само кажуваат дека нема пари. Ако денеска не не послушаат, а мислам дека ќе не послушаат, ние имаме и други планови, рече Шабановиќ.


Тој смета дека и дека студентите веќе постигнале некои резултати, бидејќи вечер пред почетокот на протестот петмина министри веќе дале некакви ветувања.


Вчера и во Бања Лука протестираа околу 2.000 студенти, кои пред Владата изнесоа свои барања врзани за социјалната положба на студентите, но и изразија незадоволство од општата состојба во општеството.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски