Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата принудена да употреби солзавец и водени топови

Од:

Протестот под мотото „Или денес или никогаш“ организиран од опозициската Демократска партија, на Сали Бериша, поддржан од Партијата на слободата, на Илир Мета, од 17 до 19:30 часот целосно ја блокира Тирана.

Колони автомобили беа заглавени со неможност да се движат, а поради насилното однесување на учесниците во кое предничеа пратеници и партиски функционери, полицијата беше принудена да употреби солзавец и водени топови.

Дел од нив меѓу кои и Теди Блуши, генерален секретар на Партијата на слободата (ПС) и Бледион Налбати, демократски пратеник, се качија на хаубите на цистерни обидувајќи се да го спречат испуштање на водените млазеви.

Полицијата ги принуди да слезат, дојде до судир, по што приведени се повеќе учесници.

Протестот започна со тензии од првите минути, бидејќи полицијата се противеше на блокирање на улиците во главниот град, повторувајќи го преку мегафон предупредувањето дека блокирањето на слободното движење е казниво со закон.

Пратениците беа распореди во неколку групи на клучни точки на Тирана, како што се Градското собрание, неколку плоштади, кружни текови и мостови.

Координаторот на пратеничката група на ДП, Газмент Барди обвини дека полицијата покажала дека е „против граѓаните и на услуга на бандите“.

-Полицијата, наместо да ја уапси бандата на нарко државата, беше мобилизирана да ги навредува чесните граѓани. Се разбира, имаме работа со полицаец кој раководи политички, рече Барди, додавајќи дека продолжуваат со протестите на граѓанска непослушност се до ” ослободување на Албанија и Албанците од криминалната влада“.

Генералниот секретар на ДП и поранешен министер за внатрешни работи, Фљамур Нока, порача дека нема да биде задушен духот на револтот и граѓанска непослушност.

-Нека прават што сакаат, народот ќе им го даде она што го заслужуваат. Крајот на диктатурата се знае. Власт не се држи со сила. Никогаш еден народ не се чува со сила, рече Нока.

Речиси идентичен, со насилно однесување, протест опозицијата одржа и на 29 минатиот месец. На протестите се бара формирање техничка влада, која ќе спроведе слободни избори и оставка на градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, заради корупција.

Би можело да ве интересира

Во Тирана почна третиот национален протест на опозицијата

Татјана Ташкова

Албанската опозиција го откажа утрешниот протест пред Парламентот

ВИДЕО: Со апелот на Баша за граѓанска непослушност заврши протестот на албанската опозиција

Сандра Бошковска

(ВИДЕО) Ескалираа протестите на опозицијата во Тирана: Обид за насилно влегување во Парламентот

Сандра Бошковска