Протест на лекарите во Црна Гора поради убиство на нивни колега во Србија

Од:

Лекарите во Црна Гора изутринава прекинаа со работа на 15 минути во знак на протест поради убиството на нивниот колега Слободан Лукиќ во Србија, соопшти српската телевизија РТС.

Лукиќ беше убиен пред неколку дена од незадоволен пациент во Краљево, Србија.

Синдикалниот лидер на Клиничкиот центар на Црна Гора Владимир Добричанин објасни дека лекарите одлучиле да организираат краток протест, бидејќи не може да се делат, без разлика што работат во различни држави. Добричанин изјави дека акцијата е знак на поддршка за лекарската професија во регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски