Пронајдено телото на пилотот на исчезнатиот турски борбен авион

Од:

Спасувачките екипи го пронајдоа телото на пилотот на авионот-ловец Ф-16, кој се урна вчера вечерта во близина на југоисточната турска провинција Османие, на границата со Сирија.

Авионот паднал во шумски и тешко прооден реон. Операцијата за пронаоѓање на пилотот и авионот траела три часа.

Авионот полетал од база во округот Амасија, во северниот дел на Турција. Генералштабот на турската армија соопшти дека пилотот на авионот информирал оти ќе се катапултира, по што е загубен контактот со него.

Причините за несреќата се уште се непознати. Продолжува потрагата по остатоците од авионот и црната кутија.

Според телевизијата Ен-Ти-Ви најверојатно се работи за несреќен случај.

Во јуни минатата година сириската армија собори турски разузнавачки авион, што предизвика тензии меѓу двете соседни земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски