Професорката од Трстеник поради којa штрајкува целиот образовен систем: Моето училиште не излегува на протести

Од:

Техничкото училиште во Трстеник преку ноќ стана најпознатото училиште во Србија поради инцидент кој ја крена цела Србија на нозе. Во тоа училиште учениците и го лизнаа столчето на наставничката Марија Стевановиќ, по што таа заврши на подот. Работата да биде уште полоша, учениците му ја испратиле таа снимка на нејзиниот син кој бил во соседната училница, по што тој во паника дошол да и помогне на мајка си.

Директорот на техничкото училиште во Трстеник, Милан Глиџиќ, по инцидентот што се случи во ова училиште на 9 ноември донесе одлука да ги избрка двајцата ученици М.М.(18) и Н.Ж (17).

За денеска низ Србија е најавен голем протест на просветните работници кои имаат едно барање, а тоа е да добијат статус на службено лице. Како што изјави Марија Стевановиќ, професорка по англиски јазик во Техничкото училиште, тие не сакаат да носат палки, туку да знаат дека има ред во училиштето и да имаат меѓусебно почитување и здрава комуникација.

Таа денеска нема да биде на протестот. И го кажа тоа многу разочарана.

– Знам дека денеска има протести, но нема да ме видите таму. Моето училиште има над деведесет вработени, кои се поделени во два синдикати. Едниот синдикат сака протести, другиот не. Добив информација дека некој ќе дојде од Белград да разговараме, но дека нема да одиме на протести. Лута сум и разочарана – почнува Марија за Телеграф.рс.

– Синдикатот „Унија“ застана зад мене, сите пофалби за нив. Само што добив дојава дека протестира и училиштето во Крушевац, но истото ќе го направи и дел од нашиот синдикат. Тоа е информација од пред неколку минути. Знаете како, училиштето застана зад мене, но овие протести на ниво на цела Србија се пожелни, за да можеме сите заедно да дојдеме до вистинското решение и да застанеме на патот на насилството. Чекам пладне, да се случи тој разговор, па ќе видиме – вели Марија.

Би можело да ве интересира

Тинејџерот од Трстеник кој се обидел да се самоубие е префрлен во болница за ментално здравје

А1он

Професорката од Трстеник: Ниту еден од тројцата ученици или нивните родители не ми се извини

А1он

Наставничкиот совет ќе ги избрка учениците кои и го повлекоа столчето на наставничката од Трстеник

А1он