Професорката од Трстеник: Ниту еден од тројцата ученици или нивните родители не ми се извини

Од:

Професорката по англиски јазик во техничкото училиште во Трстеник, Марија Стевановиќ, која беше малтретирана од ученици, вели дека е трогната од поддршката на нејзините колеги и дека синдикатите ќе продолжат да работат и нема да застанат тука. Но, таа наведува дека после се, ниту еден од тројцата ученици, ниту нивните родители, па дури ни другите ученици од тој клас не и се извиниле.

„Треба уште многу да се направи, не само кога е во прашање заштитата на просветните работници, туку и нивниот статус во целина. Веќе се направени некои мали чекори, но се гледа дека Србија е подготвена барем малку да заздрави“, истакна таа за Данас, коментирајќи како се чувствува откако илјадници просветни работници од цела Србија учествуваа на протестите минатата недела во знак на солидарност со неа и го кренаа гласот да престане насилството врз наставниците во училиштата.

Професорката Марија моментално е на боледување, поради што не учествуваше во едночасовниот предупредувачки штрајк што го организираа нејзините колеги од Техничкото училиште, кои се членови на Српскиот просветен синдикат.

Би можело да ве интересира

Тинејџерот од Трстеник кој се обидел да се самоубие е префрлен во болница за ментално здравје

А1он

Професорката од Трстеник поради којa штрајкува целиот образовен систем: Моето училиште не излегува на протести

А1он

Наставничкиот совет ќе ги избрка учениците кои и го повлекоа столчето на наставничката од Трстеник

А1он