Продолжуваат разговорите за измени на Изборниот закон на БиХ

Од:

Во Сараево денеска продолжуваат разговорите за измените на Изборниот закон на Босна и Херцеговина. Состанокот го организираат претседателите на Народот и правдата (НиП) Елмедин Конаковиќ и Алијансата за подобра иднина (СББ) на Босна и Херцеговина, Фахрудин Радончиќ.

Новата рунда разговори ќе следи по преговорите во Неум кон крајот на јануари, кои завршија без конкретен договор, а со посредство на претставниците на САД и ЕУ, Метју Палмер и Анџелина Ајхорст.

Се очекува на состанокот во Сараево да учествуваат и партиите кои беа на разговорите во Неум – Партијата за демократска акција (СДА), Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на Босна и Херцеговина..

Лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ вчера изјави дека, во зависност од исходот од овие разговори, седницата на Хрватското народно собрание (ХНС) на Босна и Херцеговина, закажана за 19 февруари, ќе ги насочи сите понатамошни чекори и ќе биде обврзувачка за сите хрватски официјални претставници на сите нивоа на власта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина