ВИДЕО: Продолжуваат антивладините протести во Бугарија

Од:

Околу 10.000 луѓе вчера се собраа во Софија на Денот на независноста барајќи „независност од мафијата“ и оставка на Владата која ја обвинуваат за поврзаност со олигарсите.

На антивладини протести во повеќе градови се собраа по неколку илјади луѓе, а во Велико Трново, во центарот на земјата, демонстрантите извикуваа „оставка“ за време на говорот на спикерката на Парламентот Цвета Карајанчева по повод националниот празник.

„Оставка“ и „мафија“ скандираа и демонстрантите во Софија, меѓу кои имаше многу млади луѓе.

Историската зграда на парламентот вчера ја чуваа три полициски кордони врз кои демонстрантите фрлаа петарди и шишиња.

Во Софија во последните два и пол месеци секојдневно се одржуваат протести против корупција и во нив учествуваат луѓе од различни сфери и политички определби, кои бараат „живот според европските стандарди“.

Најсиромашната земја во Европската унија, Бугарија, според индексот на корупција на невладината организација Транспаренси Интернешнл е и нејзина најкорумпирана членка.

На власт речиси една деценија е десноцентристичкиот премиер Бојко Борисов, чиј мандат истекува во март следната година. Тој одби да поднесе оставка со изговор дека е загрижен за стабилноста на земјата во контекст на здравствената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Тој на својот профил на Фејсбук напиша дека „успехот доаѓа преку дијалог, а не се конфронтација“.

Бугарскиот претседател Румен Радев, близок до опозициските социјалисти, им го честиташе Денот на независноста за „разбудените граѓани кои укажуваат на моралното пропаѓање“.

Би можело да ве интересира

Пет протести пред бугарското Народно собрание за време на дебатата за гласање недоверба на владата на Петков

Нов антивладин протест во Бугарија

Ана Ололовска

ЕК и порача на Бугарија дека употребата на сила мора да биде пропорционална

Ана Ололовска

ГЕРБ: Ја поддржуваме полицијата, бугарската Влада нема да поднесе оставка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Над 120 приведени и 100 повредени полицајци на протестите во Бугарија

Ана Ололовска

Румен Радев: Немаме друг излез од блокадата на државата освен оставка на Владата во случај на губење на доверба

Ана Ололовска