Продолжена 3-тата рунда од дијалогот меѓу лидерите на БиХ со претставници на ЕУ

Од:

Во Брисел денеска продолжува третата рунда од дијалогот на високо ниво меѓу претставници на Европската унија и лидерите на Босна и Херцеговина, во рамките на која би требало да биде донесена одлука за начинот на спроведување на одлуката на Европскиот суд за човекви права во Стразбур во предметот „Сејдиќ-Финци“ и за механизмот на координација на БиХ со Унијата.

Со состанокот, како што е предвидено ќе претседава комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе.

Третата рунда е почната на 1 октомври, но е прекината со цел на лидерите на БиХ да им се даде малку време да ги усогласат деталите од спогодбата.

Со пресудата на Судот во Стразбур од 2009 година БиХ е обврзана да го усогласи Уставот на начин, кој ќе им овозможи на припадниците на националните малцинства да се кандидираат за највисоките државни функции.

Претставниците на Република Српска во Брисел отпатуваа претходно со усогласен став, додека лидерите на петте партии на Федерацијата БиХ, ни по повеќечасовен состанок во вторникот, не го усогласија договорот, со кој денеска ќе настапат.

Сепак, тие се надеваат дека договорот ќе биде постигнат. Заменик-претседателот на СДА Бакир Изетбеговиќ очекува дека во Брисел ќе биде разгледан модел, кој таа партија претходно го предложила, а кој, како вели е прифатлив за сите освен за „суетите на луѓето, кои сакаат да бидат предлагачи“.

На претходниот состанок во Брисел на 1 октомври партиските лидери од БиХ ги потпишаа принципите за спроведување на одлуката „Сејдиќ-Финци“, во кои се наведува дека членовите на Претседателството на БиХ ќе бидат избирани директно – еден член од РС, а двајца од Федерацијата.

„Сејдиќ и Финци“ против БиХ е судски предмет, кој е воден пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, по тужбата на Дерво Сејдиќ и Јакоб Финци, кои како припадници на националните малцинства биле оневозможени да бидат избирани во Претседателството на БиХ и Домот на народите на БиХ.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он