Заман – Истанбул
Веќе неколку години пишувам дека најсериозниот проблем во Турција е опозицијата. Поточно, недостигот на опозиција која ќе го поправа патот на деспотските склоности на Партијата на правдата и развојот (АКП) во правосудството и во развојот.
Многу коментатори, меѓу кои и јас, пишуваа дека единствен соперник на АКП си е таа самата. Факт е дека недејствувањата на опозицијата, туку огромните грешки и криминали на АКП, доведоа до пораз на АКП на изборите на 7 јуни.
Изборите беа пораз за АКП. Поточно, тие беа директен пораз за Реџеп Тајип Ердоган. Тој сакаше да создаде едноличен деспотски режим, но избирачите го спречија во тоа. Ердоган никогаш повторно нема да ја добие истата власт. Тој ги разгневи дури и избирачите на АКП. Но, сепак, тоа не беше победа за опозицијата. АКП се уште има 41 проценти, а најголемата опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) едвај 25 проценти.
Избрирачите се уште не се сигурни во опозициските партии. И нивниот неуспех по изборите да предложат постепени решенија и тактики за справување со деспотизмот на Ердоган уште еднаш покажа дека опозицијата уште извесно време ќе биде една немоќна сила од различни причини. Многу избирачи на АКП сакаат да ја напуштат и да гласаат за друга партија, но „друга партија“ не постои. Изгледа дека додека некоја од партиите кои се надвор од АКП не се истакнат како такви или не биде создадена нова партија, АКП уште извесно време нема да исчезне.
Како и да е, ЦХП не може да го надимне прагот од 30 процент. Сега не може тоа да го постигне и покрај својата нова визија. Под доброто раководство на лидерот Кемал Калачдароглу, партијата веќе не е секуларна кемалистичка партија, која се фокусира на идеологијата, и не изгледа ветувачка во областа на економијата. Сега во голема мера партијата е социјалдемократска.
Но, со кемалисти, па дури и со личности поврзани со Ергенекон, како што се Дениз Бајкал, Илхан Џиханер, Мустафа Балбај, Тунџај Јузкан и Дурсун Чичек, партијата нема да може да привлече избирачи меѓу конзервативните Турци и ниту еден Курд нема да гласа за неа. Партијата треба да стане вистински социјалдемократска. Потоа, проблем е и нејзината историја. Освено ако не си го смени името и не го критикува своето минато, таа нема да може да отвори нова страница.
И на крај, иако е многу добар човек, вистински социјалдемократ, господин Калачдароглу не е инсипративна линост за младите луѓе и за многу други.
Другата опозициска сила, Партијата за националистичка акција (МХП) е националистичка. Независно од тоа што 70-80 проценти од Турците се националисти, тие нема да гласаат за партија која е чисто националистичка. Тие сакаат визија, инспирација и економски преспективи. МХП не предлага ништо такво. Таа остава впечаток дека не сака да дојде на власт и дека и е сосема доволно да биде во Парламентот.
Нејзината идеологија е бајата. МХП не се обраќа кон секој турски граѓанин, туку се фокусира само кон луѓето со етничко турско потекло. Нејзиниот лидер не и дозволува на ниту една позната и ветувачка личнст да се истакне. Најверојатно партијата никогаш нема да порасне.
Третата опозициска партија е курдската Демократска партија на народите (ХДП). На овие избори тие номинираа како свои канидиати неколку левичари, муслимани вернции, Турци, итн. Таа се претвора во партија на сите граѓани на Турција и има поголем потенцијал од МХП. Таа партија навистина може да се претвори во социјалдемократска партија и да стане главна опозициска сила.
За да се случи тоа, таа треба да ги прекине своите врски со Курдската работничка партија (ПКК), а знаеме дека е тоа речиси невозможно. Но, ПКК и Курдите треба да сфатат дека можат да си ги извојуваат своите права преку политиката, а тероризммот е најголемата бариера и пречка пред нивните права.
Околу 70-60 проценти од населението сака решавање на курдскиот проблем. ХДП може успешно да се бори за правата на Курдите, за правата на сиромашните, непривилиегираните, правата на работнциите. Курдите сега се етнички политизирани. И ПКК повеќе не е потребна.
Севкупно, дури и ако ЦХП и ХДП успеат да се развијат и да се претворат во вистински социјалдемократски партии, се уште ќе има потреба од една десноцентристичка партија или пак ќе се појави нова партија на центарот.