Турските власти приведоа девет турски државјани за кои се смета дека се поврзани со вчерашните експлозии на два автомобила-бомби во јужниот град Рејханли, во близина на границата со Сирија, во кои загинаа 46 лица, изјави денеска заменик-премиерот Бешир Аталај.
Претходно, министерот за внатрешни работи Муамер Ѓулер изјави дека нападите се дело на група, кој им е позната на турските власти и која има директни врски со разузнавачката служба на Сирија.
Шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу, пак смета дека борци, лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад стојат зад нападите.
Претходно денеска Сирија демантираше дека е вешана во нападите во Турција.