Притвор од 30 дена за поранешните министри приведени за падот на настрешницата во Нови Сад

Од:

Вишиот суд во Белград одреди 30-дневен притвор на 13 осомничени, меѓу кои и поранешните министри Горан Весиќ и Томислав Момировиќ како дел од истрагата поврзана со реконструкцијата на железничката линија Нови Сад – државна граница (Келебија) и реконструкција и модернизација на железничката станица во Нови Сад.

Томислав Момировиќ и уште 11 осомничени беа сослушани пред Јавното обвинителство за организиран криминал (ТОК) и ја негираа вината. Сите осомничени имаат три дена да поднесат жалба против таа одлука.
Томислав Момировиќ, Анита Димовски, Небојша Шурлан и другите осомничени кои досега беа сослушани во Обвинителството за организиран криминал (ТОК) ја негираа вината во врска со корупцијата на проектот за реконструкција на железницата од Нови Сад до Суботица.

Горан Весиќ, како што беше соопштено од ТОК, не беше сослушан – бидејќи беше доставена медицинска документација дека е на болничко лекување.

ТОК претходно објави дека притворените се осомничени дека го оштетиле буџетот на Република Србија за 115,56 милиони американски долари, што претставува разлика помеѓу преземените финансиски обврски за државниот буџет и договорната цена од комерцијалниот договор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

Новак Ѓоковиќ се огласи на годишнината од трагедијата во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мајката на една од жртвите во Нови Сад ќе штрајкува со глад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 16 минути тишина за жртвите, голем собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран

А1он

Нови Сад: Повторно обид за блокада на судот, полицијата ја растера толпата од главниот влез