Принцот Чарлс на испрашување поради смртта на Дајана

Од:

Британскиот принц Чарлс бил повикан од полицијата на испрашување во врска со смртта на неговата сопруга, принцезата Дајана, која пред 16 години со својот љубивник, египетскиот богаташ Доди Ел Фаед, настрада во сообраќајна несреќа во Париз.

Наследникот на британската круна ќе мора да одговори на неколку непријатни прашања бидејќи неодамна се појавија некои нови докази дека британската војска ја убила Лејди Ди, кои потоа се смирија.

Доди Ел Фаед и принцезата Дајана загинаа на 31-ви август 1997 година во Париз, во тунелот Понт де Алма. Тие двајца последен пат биле видени заедно како излегуваат од хотелот „Рич“ и влегуваат во автомобилот, по што нивното возило удрило во столб од тунелот. Според податоците на официјалната истрага, несреќата се случила бидејќи нивниот возач Хенри Пол, кој исто така загинал, бил пијан и не успеал да го исконтролира возилото со кое се обидувал да им побегне на папараците.

Би можело да ве интересира

Маслаха: Затворскиот персонал во Англија ги малтретира муслиманите

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Банда од шест лица украла роба вредна 150.000 евра од супермаркет во Англија

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон