Според резултатите на хрватската Државнаа изборна комисија, по обработката на 98,65 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Републиката Зоран Милановиќ освоил 49,11 отсто, а кандидатот и партнер на ХДЗ Драган Приморац 19,36 отсто од гласовите.
Кандидатката Марија Селак Распудиќ освоила 9,21 отсто од гласовите, а Ивана Кекин 8,84 отсто. Следува кандидатот Томислав Јоњиќ со 5,01 отсто гласови и Миро Буљ со 3,79 отсто. Кандидатот Бранка Лозо доби 2,41 отсто од гласовите, а кандидатот Нико Токиќ Картело 0,88 отсто од гласовите. Зоран Милановиќ и Драган Приморац влегуваат во вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 12 јануари.
Драган Приморац пред своите подржувачи изјави:
„Почитувани Хрвати, ви благодариме што гласавте. Посебно им благодарам на оние од вас кои ми веруваа, но и на оние кои немаа, но ќе имате шанса во вториот круг. Знам дека разликата изгледа голема, но во првиот круг имаше многу врева, многу кандидати. Сега е одлична можност јас и Милановиќ да бидеме еден на еден. Досега Милановиќ имаше тим кој поддржуваше него додека гледаше од сенка. Зоран, излези и кажи што мислиш, што знаеш и која е твојата програма. Како спортист знам дека оваа разлика може да изгледа голема. Ова е предизвик за мене. Хрватска за која се залагам – која ќе има обединувачки претседател, каде што луѓето живеат подобро – тоа е Хрватска за која зборувам и таква Хрватска мора да се случи. Им благодарам на сите кандидати, на моите конкуренти. Тие понудија програми најдобро што можеа. Имаме една заедничка работа – без разлика на овој првичен резултат – повеќе од 50% од граѓаните сакаат промени. И ние ќе ги донесеме“, рече Приморац.