Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата

Од:

Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс.

Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока.

„Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ.

Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки.

Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата.

„Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ.

Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95