Претседателството на БиХ ја именуваше Борјана Кришто за мандатaр на идниот Совет на министри

Од:

Претседателството на Босна и Херцеговина денеска ја избра Борјана Кришто (ХДЗ) за мандатар на идниот состав на Советот на министри на Босна и Херцеговина за периодот 2022 – 2026 година.

Претседавачот Жељка Цвијановиќ (СНСД) и членот на Претседателството на БиХ Денис Беќировиќ (СДП) гласаа за назначувањето на Кришто, додека Жељко Комшиќ (ДФ) беше против.

Борјана Кришто не се појави во Претседателството на БиХ, па не ја претстави својата програма пред тричлениот колективен шеф на државата.

Кришто сега по минатите безбедносни проверки и официјално ќе го започне процесот на избор на нови државни министри.

„Новиот Совет на министри мора да биде важен иницијатор на бројни процеси во контекст на забрзување на евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина“, рече Кришто.

Коалицијата на државно ниво (Осморка, СНСД и ХДЗ) најави дека во рекордно време ќе формира нов Совет на министри на Босна и Херцеговина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница