Претседателот на Претседателството на БиХ ја критикуваше неактивноста на ОН кон Украина

Од:

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, денеска од говорницата на ОН го осуди неуспехот на Обединетите нации да ја спречат војната во Украина, посочувајќи дека тоа е „ужасно повторување“ на војната во Босна и Херцеговина пред три децении.

Во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации, Џаферовиќ ја критикуваше неможноста на Советот за безбедност да усвои обврзувачка резолуција или декларација за војната во Украина.

„Системот на Обединетите нации не беше во можност да ја спречи или запре војната во мојата земја… За жал, тоа се повтори“, рече Џаферовиќ, забележувајќи дека Советот за безбедност „очигледно не може да ги исполни своите обврски“.

Додека дејствувањето на Советот за безбедност е ограничено со правото на вето на пет земји (САД, Кина, Велика Британија, Франција и Русија) што се одрази и во односот на телото кон руската агресија врз Украина, Генералното собрание на ОН што нема право на вето усвои резолуции со кои беше побаран прекин на огнот во Украина и повлекување на руските сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски